Во договор со CiscoSystems од 2003 година, регионалната академија образува
инструктори за локалните академии на територијата на Република Македонија.
Универзитетите, колеџите, стручните училишта и други непрофитни
образовни организации имаат можност да се вклучат во CiscoNetworkingAcademyProgram и да станат локална Cisco академија.
CiscoSystems е водечка ИТ фирма во областа на
компјутерските мрежи. Cisco
Networking Academy Program е глобална партнерска алиjанса меѓу
образовни институции спонзорирана од Cisco Systems. Со учеството во оваа програма, студентите се здобиваат
со важни практични квалификации и имаат можност да се стекнат со глобално
признати сертификати кои ги задоволуваат барањата на ИТ индустријата.