|
|
 |
 |
|
Cisco Systems е водечка
ИТ фирма во областа на компјутерските мрежи. Cisco Networking
Academy Program е глобална партнерска алианса меѓу образовни
институции спонзорирана од Cisco Systems. Со учеството оваа
програма, студентите се здобиваат со важни практични квалификации
и имаат можност да се стекнат со глобално признати сертификати кои
ги задоволуваат барањата на ИТ индустријата.
Во договор со Cisco Systems од 2003 година, Институтот за
информатика како регионална академија образува инструктори за
локалните академии на територијата на Република Македонија.
Универзитетите, колеџите, стручните училишта и други непрофитни
образовни организации имаат можност да се вклучат во Cisco
Networking Academy Program и да станат локална Cisco академија. |
|
|
Адреса:
Регионална CISCO академија
Институт за Информатика
ПМФ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ул "Архимедова" бб п.фах 142
1000 Скопје, Македонија |
|
|
|
 |